More

    Гази во 10-та деценија, има 30 години помлад сопруг, вежба и блеска

    spot_img

    Славната холивудска актер Џоан Колинс иако веќе гази во 10-та деценија од животот, сè уште блеска на црвениот тепих на Оскарите. Меѓу најголемите светски ѕвезди што се собраа во театарот Долби во Лос Анџелес на 96-тото доделување на Оскарите, 90-годишната актерка се појави во впечатлива модна креација и го привлече вниманието.

    Џоан позираше пред фотографите во светкав темнозелен фустан складно искомбиниран со сребрени чевли со високи потпетици и мала чанта и со накит со зелени скапоцени камења.

    Таа позираше со нејзиниот партнер Перси Гибсон, кој е 30 години помлад од неа и со кого се заедно повеќе од две децении.
    Актерката често е пофалена за нејзината витка линија која ја одржува и на 90 години, а сето тоа е резултат на нејзината упорност во редовното вежбање. Актерката не крие дека внимава на исхраната, а неодамна за магазинот My Weekly откри која е нејзината тајна.
    – Вежбав со физиотерапевт и им го препорачувам на повозрасни мажи и жени кои сакаат да останат во форма. Го правам тоа по половина час дневно и сфатив дека ми дава енергија. Не одете на диета, само јадете помалку. Ако треба да изгубите неколку килограми за да влезете во нешто, јадете варени јајца и брокула три дена. Ако сакате да грицкате, јадете повеќе брокула. И вежбајте, колку и да го мразите тоа, морате – советува славната актерка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img