More

    Кандидатот за претседател од ДУИ, Бујар Османи, преку видео порака од својот дом вечерва објави дека собрал над 10 илјади потписи за неговата кандидатура.

    spot_img

    Кандидатот за претседател од ДУИ, Бујар Османи, преку видео порака од својот дом вечерва објави дека собрал над 10 илјади потписи за неговата кандидатура.

    Веста дека се собрани над 10 илјади потписи ме најде во домашен амбиент, додека ја барав поддршката и до моите најблиски. Во изборната трка влегувам со најголема сериозност. Посакувам позитивна кампања и да се натпреваруваме со идеи и дела“, напиша Османи.

    Според последните информации од ДИК попладнево, Османи имаше собрано 8.500 потписи, а по него, втор по број на потписи е Максим Димитриевски од ЗНАМ со 5.923 потписи, а трета е Билјана Ванковска од Левица со 4.478 потписи.

    Потпишувањето на граѓаните за кандидатите за претседател се одвива тековно, без проблеми и застој. Одзивот на граѓаните е на задоволително ниво – информираат од подрачните одделенија на ДИК.

    Колку потписи се собрани до крајот на денешниот ден, ќе се знае утре изутрина, велат од ДИК.

    И Демократската унија за интеграција ja извести јавноста дека нејзиниот кандидат за претседател на државата Бујар Османи собра над 10.000 потписи неопходни за потврдување на кандидатурата.

    „Изразуваме длабока благодарност до секој граѓанин кој го стави својот потпис во регионалните центри на ДИК, давајќи поддршка за нашата нова кауза, сосема легитимното право за првиот Претседател албанец.
    Процесот ќе продолжи да биде отворен за секој кој сака да изрази поддршка за најсеопфатната кандидатура, онаа на Др. Бујар Османи.
    Заедно да го реализираме најважниот референдум на нашето време за да ги усвоивме уставните измени за избор на претседател со 2/3 од гласовите во Собранието и со Бадентерово мнозинство и амандманите од Договорот за добрососедство за да го продолжиме патот на европската интеграција. Заедно да кажеме НЕ на Русија, ДА на Европа!“ – се вели во соопштението на ДУИ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img