Кандидатите за идни директори на училиштата се пожалија дека со месеци чекаат на обука и на полагање на државен испит.
Дел од кандидатите за директори денеска преку мирен собир пред Државниот испитен центар истакнаа дека уредно се пријавени и ги исполнуваат сите услови согласно законот за спроведување на обуките. Побараа веднаш да се објават термини, во спротивно ќе се жалат кај народниот правобранител и меѓународната заедница.
Директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска, вели вели дека кандидатите креваат непотребна паника бидејќи нема никакво доцнење со испитите. Посочи дека во моментов се бираат нови обучувачи поради истечен мандат на претходните и повика на трпение.
Минатата година 40-тина лица полагале испит за директори во основни и средни училишта. Меѓу нив имало и лица кои веќе работат како директори на училишта бидејќи согласно последните законски измени од 2014 година, лиценцата мора да се обновува на секои 5 години.