Жената го отвара фрижидерот и зачудено констатира дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, навистина излегува од фрижидерот.
Српската опозиција долго време го обвинува Вучиќ дека е сеприсутен во медиумите, а најчесто користената фраза е „тој и од фрижидерот влегува во нашите домови“.
Во видеото, Вучиќ вели дека му е битно на граѓаните да им ги пренесе своите пораки, па затоа е во постојан контакт со нив. Изборите во Србија се закажани за 3 април, а Вучиќ ја предводи кампањата на владејачката Српска напредна партија.