More

    Камионџии го блокираа граничниот премин меѓу САД и Канада

    spot_img

    Најпрометниот граничен премин меѓу САД и Канада денеска остана затворен, соопшти канадската погранична агенција откако возачите на камиони вчера ги блокираа пристапните патишта, во знак на протест против владината одлука за задолжителна вакцинација на возачите кои ја минуваат границата.

    Возачите бараат укинување на одлуката на сојузната влада за обврската за вакцинација. Протестите започнаа на 28 јануари со блокада на улиците на канадската престолнина Отава.

    Полицијата заплени илјадници галони гориво од неделата навечер и го отстрани камионот-цистерна. Камиони почнаа да го блокираат сообраќајот доцна синоќа на мостот Амбасадор, кој се наоѓа помеѓу езерото Ири и Хјурон.

    Канадската агенција за гранична контрола денеска соопшти дека мостот е затворен, но полицијата подоцна информираше дека сообраќајот по мостот кон САД е дозволен.

    Канада извезува 75 отсто од својата стока во САД, а дневно, вообичаено по мопстот минуваат околу 8.000 камиони.

    – Дојдовме овде да испратиме порака, а пораката не се пробива – изјави синоќа портпаролот на протестот Том Марацо.

    Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера се појави во јавност по првпат по повеќе од една недела, откако беше заразен со ковид-19, и порача дека протестите мора да престанат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img