Најлудата ноќ во годината и овојпат ќе помине без снежна идила, што значи дека нема да има врнежи од снег, а и нема да биде толку многу студено.
Метеопрогнозерот Славчо Попоски во својата најнова анализа вели дека не се исклучува можноста за време на новогодишната ноќ, како и на првиот ден од новата 2024 година да има локални слаби врнежи од дожд.
– За време на најлудата ноќ температурите ќе се движат во интервалот од 0 до 6 степени, а максималните дневни температури во новата 2024 година ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени – нè информира Попоски.
Тој додава дека по одделни котлини и речни долини и тогаш ќе биде магливо и постудено, со што и загаденоста во воздухот ќе биде многу висока. Слично време може да очекуваме и во Скопје и околината.