More

    Каква е состојбата на Бора Ѓорѓевиќ?

    spot_img

    Легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ, фронтмен на бендот „Рибља чорба“, е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Љубљана поради неговата тешка состојба.

    Тој е интубиран и се наоѓа на специјално одделение, поради што посетите се строго забранети.

    Но, посетите на неговата сопруга Дубравка не се забранети или ограничени бидејќи поради неговата состојба, таа смее да биде со него цел ден, пренесува српски Телеграф.

    – Таму строго се забранети посети, а не е ни за посети, интубиран е. Но, ѝ дозволија на жената да оди кај него кога сака и да остане колку што сака – изјави извор, запознаен со приликите.

    Покрај неа, уште едно лице има право дневно да го посетува, но само на еден час.

    – Покрај сопругата, уште едно лице има право да го посетува еднаш дневно, но само еден час и додека траат посетите – додава изворот.

    Инаку, екипата на Телеграф вчера на 31 август го посети селото во кое веќе неколку години живее легендарниот Бора Ѓорѓевиќ.

    Шетајќи покрај неговата зграда, новинарката на Телеграф посетила и кафуле во кое едноставно го обожаваат Бора.

    Таа разговарала и со келнерот со кој легендарниот Бора се запознал кога се преселил таму, а тоа му било своевидно прибежиште во тоа време бидејќи ги оставил цигарите и морал да се крие од сопругата зашто на почетокот не бил многу успешен.

    Неговиот менаџер Бане Обрадовиќ откри дека лекарите даваат сѐ од себе да ја подобрат неговата состојба, а пејачот јуначки се бори.

    Како што сега се наведува, Конзилиумот во Клиничко-болничкиот центар во Љубљана заседава секојдневно за да одлучува за понатамошните чекори кои ќе ја подобрат здравствената состојба на легендарниот фронтмен на „Рибља чорба“.

    Инаку, за неговата здравствена состојба проговори и сестрата на неговата сопруга Дубравка, пренесе српски Пинк.

    – Немам ништо ново да ви кажам. Сè е како што пренесувате. Тој е интубиран… Дубравка секој ден оди да го види кога го посетува. Многу ѝ е тешко. Лекарите ѝ дозволија да остане уште малку со него. Нормално, посетите на интензивна нега се само половина час за најблиските, но ѝ дозволуваат да остане со него неколку часа. Може да се влезе само во придружба, никого не пуштаат само така. Сѐ уште ништо не се знае, чекаме, се надеваме дека ќе оздрави, сите сме оптимисти – заклучи Даша, сестрата на Дубравка.

    Фановите на Бора Чорба, ширум регионот, се молат за неговото здравје.

    – Бора е вечен со сѐ што направил во животот. Секогаш ќе биде присутен меѓу новите и меѓу старите генерации. Тој е личност која ме радува, но човечкиот живот има времетраење. Жал ми е што тоа е мака бидејќи мислам дека тој како човек, кој одгледал генерации, не заслужил да се мачи. Тој е меѓу моите пет ментори, беше најхрабар, ми даде најмногу поддршка и критики – рече српскиот рок музичар и актер Ѓорѓе Давид, а пренесува српски Курир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img