Пејачката Лепа Брена со децении важи за една од најголемите и најбараните ѕвезди во регионот, додека нејзините долги нозе и руса коса беа нејзин заштитен знак.
Брена секогаш води сметка за својот изглед, а во текот на кариерата немала многу трансформации. Сега пејачката ги изненади сите. Лепа Брена повеќе не е русокоса!
По големиот настап на Драгана Мирковиќ, Лепа Брена и други изведувачи во Цирих, Швајцарија, една од главните теми стана – фризурата на Брена.
Фотографиите од инстаграм-приказните на Драгана токму поради ова привлекоа поголемо внимание од вообичаеното кај обожавателите. Имено, ова речиси никој не го очекуваше.
Лепа Брена од русокоса премина во бринети, а со овој драстичен потег сите ги изненади. Не е познато колку Брена ќе остане во овој „тон“, но обожавателите секако ја поддржаа нејзината трансформација.
ФОТО: Инстаграм