Како ќе излезат од долгови комуналните претпријатија?

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јавни комунални претпријатија, општини, но и установи од културата и од здравството и годинава не успеваат да ги платат сметките за струја. Нивниот долг расте и со неплатените сметки од претходниот период за кои им се пресметува и камата. Дел од нив се пред исклучување од компаниите кои ги снабдуваат со струја и затоа бараат итно решение од Владата.

Сите овие институции од јануари 2019 година се снабдуваат со струја на слободниот пазар, каде што цената последните месеци достига и до 200 евра за киловатчас и е далеку повисока од онаа што ЕСМ ја нуди на регулираниот пазар. Дел од нив веќе побараа да се снабдуваат со струја од ЕСМ по цена иста како и за домаќинствата, бидејќи нивниот долг за струја порасна на 16, 3 милиони евра.

Проблемот стигна и до Владата која за негово решавање формира балансна група која треба да понуди решение преку разговор со заинтересираните страни.

– Како Влада сме свесни за состојбите и во овој момент е формирана балансна група која треба да го најде најдоброто решение. Штом се постигне согласност од сите засегнати страни кои се вклучени во овој процес, Владата ќе ја информира јавноста. Ќе работиме кон наоѓање решение кое е во интерес на сите граѓани – велат од Владата.

За проблемот со високите сметки за струја и зголемувањето на долгот кој иснтитуциите почнаа да го трупаат за време на енергетската криза, деновиве јавно проговорија од здружението на јавни комунални претпријатија АДКОМ, а за тоа веќе заседавал и Управниот одбор на Заедницата на локални самоуправи (ЗЕЛС).

– Очекувам, следните денови, наши претставници заедно со претставници од АДКОМ да имаме средба премиерот Христијан Мицкоски. Начелно ми е речено дека Владата е подготвена да се најде решение за проблемот. Наш став е јавните претпријатија да се вратат на регулираниот пазар исто како што тоа беше направено за време на енергетската криза, бидејќи не прават профит од своето работење. Исто така, мислам дека и сите останати непрофитни институции, со кои управува општината треба да се тарифираат со таа тарифа. Ќе повторам, бидејќи и тие не прават профит од својата дејност, туку се на услуга на граѓаните – вели претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

Според него, неколку од јавните комунални претпријатија се на работ да бидат исклучени од струја што дополнително ќе го компликува нивното работење бидејќи 90% од струјата тие ја трошат за пумпните станици за вода за пиење, за атмосферските, за фекалните пумпни станици, како и за пречистителните станици за отпадни води.

– Немам прецизни бројки за сегашната состојба. Колку што сум информиран АДКОМ во поскоро време направи анализа и од моментално собраните информации кажуваат дека долгот само на јавните претпријатија, на половина од нив поточно, е некаде околу 1,5 милијарди денари (16,3 милиони евра) – додава Ѓорѓиевски.

Градоначалниците се согласуваат дека потрошената струја треба да се плати, но велат дека јавните претпријатија со години трупаат долгови кои не можат да ги платат.

- Advertisement -
Ad image

– Секој што троши струја треба да ги плати сметките, па и општините и јавните претпријатија во нивна надлежност, но треба да се реши прашањето на високата задолженост на јавните претпријатија кон УЈП која потекнува од периодот од 2002 до 2010 година. Овој долг треба да им се прости на претпријатијата, а за направениот долг потоа да им се прости каматата за да можат главнината да ја платат. Само така може да се излезе од овој проблем – вели градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриески кој е и член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Од Регулаторната комисија за енергетика се со став дека решението на проблемот треба да се донесе без да се наруши работењето на ЕСМ.

– Дали ЕСМ ќе може да продава струја по 62 евра за мегават час? Треба да се процени како тоа ќе влијае на ликвидноста на компанијата – изјави првиот регулатор Марко Бислимоски кој е свесен за проблемот на јавните претпријатија и на другите институции.

- Advertisement -
Ad image

Експерти, пак, велат дека проблемот мора да се реши трајно бидејќи овие претпријатија, но и другите државни институции трупаат долгови и по други основи.

Владата дополнително ќе треба да го решава и проблемот со долгот за струја и на институции од областа на културата и образованието бидејќи приватните компании кои ги снабдуваат со струја веќе најавуваат нивно исклучување. Тие досега не го посочуваат проблемот јавно но велат дека се обидуваат да го решат со сопствени средства и со штедење.

Share This Article