Британскиот крал Чарлс Трети приреди раскошен дочек и банкет за јапонскиот цар и царица во Бакингемската палата, со здравицата „Добредојдовте повторно во Британија“.
Меѓу деликатесите послужени на банкетот во чест на царот Нарухито и царицата Масако, меѓу другото, имало и ракови, мус од босилек, јајца од препелица, шербет и праски, јавува „Би-би-си“.
Банкетот се одржа во балската сала на палатата и претставуваше централен настан на државната посета на јапонскиот цар.
Царот Нарухито со задоволство се присетил на своите студентски денови во Оксфорд и истакнал дека сегашните односи меѓу двете земји ги краси „заемно разбирање и доверба“.
Царот Нарухито на својот домаќин му подарил лакирана украсна црна кутија додека царицата Масако на кралицата Камила и подарила брокатна чанта.
Кралот Чарлс на својот гостин, меѓу другото, му подарил шише скапо виски од кралската дестилерија, додека кралицата на јапонската царица и подарила рачно украсена лепеза.