Како да ги избркате пајаците од дома засекогаш? Шест трикови кои мора да ги испробате

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Како брзо да се ослободите од пајаците во куќата е популарно прашање со кое се соочува секој кој има проблем со овие непоканети гости.

Колку и да вакуумирате и чистите за се да биде беспрекорно, веќе следниот ден можете да забележите пајажина што висат од таванот и по аглите. Иако мислите дека со правосмукалка сте ги исфрлиле пајаците од домот, до следниот ден тие веќе плетат нови мрежи.

Против овие најупорни инсекти има решение од природата! Треба само да се погрижите вратите и прозорците во вашиот дом да немаат дупка низ која постојано би можеле да навлезат пајаци. Закрпете ги, а потоа применете еден од овие корисни методи.

Користете ги овие совети за да се ослободите од пајаците засекогаш.

1. Користете ментол
Пајаците мразат пеперминт, па наједноставниот начин да ги држите подалеку од вашиот дом е да ставите неколку капки масло од нане во вода и со него да ги испрскате аглите од вашиот дом. Препаратот можете да го направите сами или да купите готов анти-пајак на база на пеперминт.

2. Отстранете ги сите мрежи
Можеби звучи едноставно и очигледно, но редовното отстранување на пајакови мрежи е најдобриот начин за борба против пајаците. Редовно проверувајте ги сите скриени агли на вашата куќа, отстранувајте ги мрежите и на тој начин спречете ја нивната репродукција.

3. Поделете портокали и лимони низ домот
Малите осумножни предатори не можат да го поднесат мирисот на цитрус, па нема да ги има наоколу ако чувате лимони, портокали, мандарини и слично низ дома.

4. Измијте ги прозорците со специјална смеса
Ако ги миете прозорците со мешавина од амонијак и вода, ќе спречите пајаци да влезат во куќата. Кога ќе се исушат прозорците, избришете ги со весник натопен во керозин, кој брзо ќе испари, но сепак ќе остави репелент кој ќе ги одврати пајаците, мувите и комарците, пишува магазинот City.

5. Користете еукалиптус
Друг мирис што пајаците едноставно не можат да го поднесат е еукалиптусот, затоа ставете го ова растение во бањата, плакарот и слични места каде што пајаците би можеле да ползат. Покрај тоа што ќе ги одвратите пајаците, вашиот стан ќе мириса пријатно.

- Advertisement -
Ad image

6. Свеќи со цимет
Инвестирањето во свеќи од цимет е одличен начин да ги спречите пајаците да се шират низ вашиот дом. Имено, циметот е уште еден мирис кој пајаците не го поднесуваат.

Share This Article