Стапката на невработеност во еврозоната во декември изнесуваше 6,4%, исто како и во ноември, што значи дека остана на рекордно ниско ниво, објави Евростат.
Невработеноста во Европската унија е 5,9% и исто така е непроменета во однос на ноември.
Евростат проценува дека во декември во Европската унија биле невработени 12,936 милиони луѓе, од кои 10,909 милиони биле во еврозоната.
Невработеноста во еврозоната е намалена за 17.000 во споредба со ноември.
Во декември Шпанија забележа висока невработеност од 11,7%, Грција 9,2%, Франција 7,3%, а ниска стапка на невработеност од 2,4% е регистрирана на Малта, додека во Чешка таа изнесува 2,8%.
Статистиката покажува дека бројот на невработени е намален за 299.000 во Европската унија и за 369.000 во еврозоната во однос на декември 2022 година.