Каде гореле шума и стрништа во последните 24 часа?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пожарот во просторот во планските ридови меѓу селата Митрашинци и Будинарци сѐ уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи.

-Според податоците од теренот, пожарот е под контрола и сѐ уште се дејствува во обиколен простор каде што се уште тлее и гори. Се дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар. Важно е што сега на терен близу пожарот е направен базен со вода од противпожарните сили од кој хеликоптерот го полни со вода ведрото и времето на дејство со хеликоптерот е скратено за три пати, бидејќи не мора да полни од Беровско Езеро – велат од ЦУК.

Како што информираат од Центарот, во последните 24 часа во земјата имало неколку мали пожари.

Во Скопје имало две интервенции од кои едната била поради запалено стрниште, а другата поради запалена ниска вегетација. Вкупно опожарени се околу 6.000 м2. Имало и уште 3 помали интервенции.

Во Битола и Прилеп имало по една интервенција.

Во Струмица и Валандово имало три интервенции, од кои две биле во с.Брајковци поради запалена ниска вегатација и меѓи, додека третата била поради запалена шума на површина од два декари во с.Дедели.

Стрниште било запалено во кичевското село Црвивци, а ниска вегетација горела и во велешко и кавадаречко.

Share This Article