Турција е меѓу земјите кои би можеле да му понудат безбедносни гаранции на Киев како дел од каков било договор со Русија за ставање крај на војната во Украина, изјави во понеделникот висок украински функционер.
„Турција е меѓу оние земји кои би можеле да станат гаранти на нашата безбедност во иднина“, рече Ихор Зовква, заменик-шеф на канцеларијата на Володимир Зеленски, пред мировните преговори меѓу Киев и Москва во Турција.
Киев соопшти дека сака правно обврзувачки гаранции кои ќе и понудат заштита на Украина од група сојузници во случај на иден напад.
Друг украински функционер изјави пред разговорите меѓу Украина и Русија во Турција дека не очекува некој голем напредок.
„Мислам дека нема да има напредок за главните прашања“, рече во понеделникот советникот на Министерството за внатрешни работи, Вадим Денисенко.
Украинските и руските преговарачи ќе започнат мировни преговори во Истанбул подоцна во понеделник, изјави висок турски функционер, без да даде детали.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин се согласија во телефонски разговор во неделата да одржат разговори во Истанбул, а Анкара се надева дека ќе се постигне прекин на огнот.