More

    Јулија Навална се огласи по одлуката на рускиот суд за нејзино апсење

    spot_img

    Судот во Москва нареди Јулија Навални, вдовицата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, да биде уапсена во отсуство на два месеци.
    Судот ја обвини сопругата на Навални, која живее надвор од Русија, за учество во „екстремистичка“ група. Одлуката значи дека ќе се соочи со апсење доколку се врати во земјата. Обвиненијата би можеле да бидат поврзани со пресудата од јуни 2021 година со која московскиот суд забрани три организации поврзани со Навални, нарекувајќи ги „екстремистички“.
    Јулија Навлна (47) се најде во центарот на вниманието по смртта на нејзиниот сопруг во казнената колонија на Арктикот во февруари оваа година и рече дека ќе продолжи да се бори за, како што Навални ја нарече „убавата Русија на иднината“.

    Во вторникот, Навална во објава на Твитер им напиша на своите поддржувачи да не се фокусираат на судскиот налог против неа, туку на битката против рускиот претседател Владимир Путин.

    „Кога пишувате за ова, ве молиме не заборавајте да го напишете најважното нешто: Владимир Путин е убиец и воен злосторник. Неговото место е во затвор, ама не некаде во Хаг, во удобна ќелија со телевизор, туку во Русија, во истата колонија и истата ќелија од два до три метри во која го уби Алексеј“ – напиша Јулија Навална.

     

    Од смртта на нејзиниот сопруг, Јулија се сретна со голем број западни лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден во Сан Франциско.

    Непрофитната Фондација за човекови права со седиште во САД ја именуваше Навална за своја претседателка, а таа рече дека ќе ја искористи својата нова улога за да инвестира повеќе во борбата на нејзиниот сопруг против Путин.

    „Ќе искористиме се што може да биде корисно во борбата против Путин, за да ја освоиме прекрасната Русија на иднината“, напиша Јулија Навална на Твитер.

    Алексеј Навални беше најважниот руски опозициски лидер во изминатата деценија. Тој почина во февруари во затворот на Арктикот. Руските власти соопштија дека тој починал од природна смрт, но неговата вдовица рече дека Навални бил „мачен“ и „изгладнет, а подоцна и убиен“ од рускиот претседател Владимир Путин.

    Навални одлежуваше затворска казна од 19 години поради обвиненија за екстремизам, кои се сметаа за политички мотивирани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img