Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска за време на посетата на Битола ги повтори ставовите на соседна Бугарија во врска со бугарските позиции за почеток на преговори на земјава со ЕУ.
– За Македонија да биде членка на ЕУ тоа се правата на Бугарите во Македонија. Права кои треба да се исполнат, за Северна Македонија да биде дел од ЕУ. Тоа е позицијата на Бугарија. Се радувам што сум тука и што сум дел од овој настан – изјави Јотова.
Истиот став го повтори и министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска.
– Како што беше кажано од премиерот и вицепремиерот, сите цели треба да бидат насочени кон правата на Бугарите на Македонија. Тоа ќе биде нашата основна цел, и се надевам со помошта на Собранието да бидат овозможени – рече Генчовска.