Пејачката Јосипа Лисац (73) синоќа пред преполната сала Лисински во Загреб прослави 50 години од објавувањето на својот прв албум „Дневник на една љубов“.
Билетите беа пуштени во продажба и распродадени во текот на само четири дена и тоа дури три месеци пред концертот. Поради тоа Јосипа најави уште еден концерт за 25 февруари во Загреб, а потоа турнејата ќе ја продолжи и во други градови во Хрватска и во регионот.
Песните од овој албумот „За својата младост“, „Среќа“, „Постела од солзи“ и слични, долги години се стандарден дел од концертниот репертоар на Јосипа, а оваа година таа ги враќа на листата заедно со други најголеми хитови во нејзината кариера.
Пејачката и овој пат не разочара со својот моден избор, па се појави во кожна комбинација со црн шешир, а со себе имаше и бастун. Таа реши да ѝ објасни на публиката зошто има бастун со себе.
– Луѓето ми се јавија пред три месеци дека веќе нема билети за концертот. Ми испратија фотографија од салата, целата беше некако сива. И јас мислам дека имам стрес после тоа, но тоа не беше стрес туку ишијас. Да, добив ишијас. Денес тој владее, па 80 проценти од луѓето имаат ишијас. Нервозна сум и живчана – објаснила Јосипа.