Јелисавета Георгиева Јовевска е назначена за прв национален координатор за медијација. Таа е потпретседателка на Стопанската комора на Северна Македонија и претседателка на Асоцијацијата за медијација при Комората.
Со новиот Закон за медијација, кој стапи на сила на 4 јануари 2021 година, ќе има Национален совет за медијација, тело на Владата на Република Северна Македонија, кое независно и самостојно ќе го обезбедува, следи и оценува квалитетот на работите во медијацијата во рамки на надлежностите определени со законот.
Со Националниот совет за медијација ќе раководи националниот координатор за медијација, кој воедно и го застапува и претставува Советот, кој освен националниот координатор ќе брои плус четири члена и секретар.