Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена позната е како жена посветена на семејството и на кариерата на својот сопруг, но и како една од најголемите поборнички за здрав живот. Како деклариран веган Јелена Ѓоковиќ со години следи строга диета без месо, млеко и шеќер. Но, открива дека некогаш била голем љубител на месо и на многу поинаков начин на исхрана.
Во една прилика, Јелена откри дека се префрлила на овој тип на диета затоа што морала, а не толку затоа што сакала. Сè започнало во нејзините студентските денови.
– Почнав да размислувам како да преживеам три години, бидејќи немав пари да јадам во не знам какви ресторани, а не ни живеев во дом со кујна. Така што веганството почна од мака – изјави Јелена.
Таа вели дека не знае дали ќе остане веган до крајот на животот, но дека засега најважно и е да се чувствува добро.
– Бев голем јадач на месо и сè уште го сакам многу, но не го јадам. Се чувствувам добро и тоа ми беше целта, да најдам начин да го живеам овој живот со енергија и здравје – вели Јелена.
Открива дека на нивното мени најзастапена е сировата храна, супи и тестенини без глутен. Таа истакнува дека е многу важен начинот на подготовка на храната, но и тоа што покрај себе го има Новак кој исто така е посветен на здравиот живот.
-Мојата исхрана е 70% сирова храна, а 30% варена. Најчесто јадам супа, тестенини без глутен, киноа, ориз… Деновиве е тешко да се најде вистинска храна подготвена на здрав начин. Затоа ми е важно добро да ги организирам оброците и имам среќа што имам партнер кој, како мене, е посветен да остане здрав и силен. Нашите диети се само малку поинакви – истакнува сопругата на најдобриот светски тенисер.