More

    Јавното обвинителство изрече мерка на претпазливост за Наумче Мојсоски и за уште 11 лица

    spot_img

    Обвинителен предлог против актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, неговиот претходник на функцијата Дарко Каевски, како и за првиот човек на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски и за уште 9 лица е поднесен во врска со доделувањето на таканаречените спортски ваучери. Мојсоски и Каевски се обвинети за злоупотреба на службена положба, а Димевски и останатите обвинети за несовесно работење.

    „Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост“, соопштија од ОЈО.

    Федерациите, клубовите и спортистите добиваа ваучери, а одредена фирма се согласува да го реализира под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување.

    Иницијативата на Антикорупциска беше поднесена во февруари, минатата година за доделување на ваучерите во периодот од 2020 до 2022 година. Каевски беше директор на агенцијата до октомври 2020 година, а сега е пратеник во Собранието од редовите на СДСМ. Димевски во тоа време беше претседател на Централната комисија за доделување на ваучерите.

    „Непочитувајќи ги критериумите за доделување средства по ваучер-системот, постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови, согласно интересот на поединци и групи, можеби и политички партии и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти кои не добиле соодветни средства, иако тоа право законски им припаѓало“, беше наведено во иницијативата на ДКСК.

    По иницијативата на ДКСК следеа низа обвинувања меѓу Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет. Од Владата беше побарано да го разреши Мојсоски, поради незаконско работење. Мојсоски тогаш најави тужба против ДКСК, а од агенцијата реагираа дека наводите се тенденциозни и целосно неточни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img