More

    Јавно да потпишат договор – тој што ќе изгуби да се повлече од политичката сцена

    spot_img

    Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од претседателството на партијата е авторизиран да преговара со сите политички партии, невладини организации, активисти интелектуалци и слично за можни коалиции за парламентарните избори и тоа тој го прави, изјави министерот за економија, Крешник Бктеши.

    – Опциите за сите се отворени до крајниот рок додека се доставуваат листите за парламентарните избори. Во однос на СДСМ во моментов не сме ниту блиску, но другите политички партии ги повикувам да коалицираат со нас – рече Бектеши.

    Тој рече дека ДУИ сигурно победува на парламентарните и на претседателските избори и предложи сите партии сега да потпишат договор според кој партијата што ќе изгуби ќе се повлече од политичката сцена.

    – Нека повелат сите јавно да потпишеме – тие што ќе изгубат да се повлечат од политичката сцена. ДУИ ја фрла ракавицата, па другите нека повелат. Ова важи и за ВМРО-ДПМНЕ. Но јас знам дека ДУИ досега не изгубила избори и тоа нема да се случи ни сега, па таква опција за неа нема да има – рече Бектеши.

    Тој рече дека сите во ДУИ се сигурни дека ќе победат, но се дискутира која ќе биде разликата.

    – Победата не се дискутира во нашите редови, бидејќи тоа веќе се знае. Ние зборуваме за разликата која ќе се оствари. Според анкетите, нашиот претседателски кандидат сигурно оди во вториот круг заедно со уште еден кандидат од другите партии – рече Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img