Советот на општина Охрид на седницата одржана на 04.12.2024 година ги донесе нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2025 година. Се ставаат на јавен увид донесените нацрт документи, се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги достават до стручните служби на општина Охрид. Јавниот увид трае 10 дена почнувајќи од 04.12.2024 год.