Рускиот опозициски лидер Сергеј Навални(47) се пожали на социјалните мрежи дека во затворот на Арктик каде е осуден да седи до својата 74 година секое утро во 5 часот го будат со руската химна, а потоа со песната „Јас сум Русин“ на познатиот руски пејач Јарослав Дронов. Оваа песна која го слави рускиот претседател Путин е хит во Русија, а 32-годишниот пејач има прекар Шаман и интересна историја.
Шаман во ноември предизвика контроверзии кога симулираше активирање на нуклеарна бомба на концертот емитуван на државната телевизија притискајќи црвено копче во лажен нуклеарен куфер пред да избие огномет околу него. Тој е дел од новата сцена руски музичари од кои дел го поддржуваат Путин и пишуваат песни поврзани со војната.
Неговата песна со потпис, која понекогаш ја изведува облечен во црна кожна облека со лента за раце во боите на руското знаме. Критичарите го нарекуваат Шаман „гласот на специјалната воена операција“.
Плусинфо пишуваше за чудната музичка сцена која се јавува во Русија во која традиционалниот сентимент се комбинира со ултрамодерни стилови како трап, дабстеп или женски рап.
Затворот во кој Навални мора да ја слуша песната се наоѓа на 60 километри од Арктичкиот круг, односно Северниот Пол. Тој важи за еден од најтешките затвори во Русија.