Хрватската фудбалска репрезентација во понеделник од 16 часот ќе се соочи со Јапонија во осминафиналето на Светското првенство во Катар. За тој дуел коментираше Масахиро Фукуда, пензиониран јапонски фудбалер.
Едно време Факуда одигра 45 натпревари за Јапонија и постигна девет гола.
*Бјелица објасни зошто Петковиќ е добар избор против Јапонија
„Хрватска е лесен противник за Јапонија. Во оваа ситуација, пред дуелот помеѓу Јапонија и Хрватска, Јапонија е во замав. Освен тоа, секогаш е полесно да се игра против тимови кои се подобро рангирани од тебе, Јапонија игра подобро против нив“, рече Фукуда, а потоа продолжи:
„Хрватска не е блескава репрезентација. Таа има примено еден гол на овој турнир, има цврста одбрана и ризикува. Но, имаме и шанса“.
Јапонците се многу сигурни во пресрет на осминафиналето, а останува да се види дали ваквите најави на Јапонците ќе послужат како дополнителна мотивација за Златко Далиќ и неговите избраници.