Јапонска долговечност во штипското село Караорман

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Браќатата Симо и Ристо Наскови годинава ќе наполнат 103 и 100 години. Новата година ја поминаа во домашна атмосфера, заедно со нивните синови и внуци, а денеска ги посети градоначаникот на Штип.

Симо годинава полни 103 години. Неговиот син Круме Насков вели дека Симо до пред една година активно се занимавал со земјоделство, кога паднал во градината.

– До 102 години активно работеше во бавчата и оваа година имаше негови производи, што ги имаше посадено. Сакал да посади некое семе во оранжериите, но паднал и залегна. Една година како лежи во кревет. Нозете не му се добри, инаку здравствено е добар – вели помладиот Насков.

Ристо Насков во февруари ќе наполни 100 години. На сите им посакува здравје и среќа.

– Да бидеме живи и здрави сите! Македонија да ни биде жива и здрава и да биде држава, а ние Македонци – вели Насков.

Неговиот син Димче вели дека здравјето добро го служи, досега нема посетено лекар и се уште работи во својата градина, произведува патлиџани, пипер и разни земјоделски производи.

– Работи во оранжерии, продава пиперки и патлиџани. Ракија си пие по една чашка, приквечер и сабајле. Телевизија гледа многу, следи вести, со мозокот е здрав, работи со телефон, се слуша со ќерките, знае сам да ѕвони – вели Димче Насков.

Двајцата браќа Наскови денеска ги посети градоначалникот на Штип Иван Јорданов, кој им доднесе пригодни подароци од Општина Штип.

– Да сте живи и здрави, добро здравје да ве служи во 2023 година, па следната Нова Година пак да се видиме, им порача градоначалникот Јорданов на двајцата најстари жители во Штип.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article