Безбедносните експерти со години ги предупредуваат младите и нивните родители, за жал често неуспешно, за бројните опасности кои им се закануваат на интернет, особено на социјалните мрежи. За какви опасности зборуваме и колку тие можат да бидат фатални, покажа неодамнешното истражување на Network Contagion Research Institutea (NCRI) за sextortion, односно изнуда врз основа на уцена со сексуални фотографии.
Во центарот на нивното истражување е група сајбер криминалци од Африка наречени Јаху Бојс, а особено на удар се деца и тинејџери од САД и Австралија. Тактиките што ги користат се добро познати, а се чини дека тие ги усовршиле и подобриле, па своите совети, вклучувајќи и видео туторијали, ги споделуваат на Јутјуб, Тик-Ток и на други социјални мрежи и сервиси.
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.
Фото: Pexels