More

    Гувернерката најави монетарно олабавување во втората половина од годината

    spot_img

    Пролетните проекции за инфлацијата во земјава на Меѓународниот монетарен фонд се слични со есенските очекувања на Народната банка, дека инфлацијата ќе се намалува и годинава за околу 4% и за околу 2% догодина, во просек. Трендовите се поволни и доколку инфлацијата и натаму се намалува во согласност со проекциите, без да се остварат позначителни ризици, тоа ќе создаде простор за промена на монетарната политика во втората половина од оваа година.

    Ова го кажа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Гласот на Америка, коешто го даде за време на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

    Говорејќи за економскиот раст, таа укажа дека со оглед на големата трговска и финансиска отвореност на нашата економија, изгледите за растот годинава и догодина, покрај од домашните фактори, во голема мера ќе зависат и од глобалните случувања.

    Според најновите проекции на ММФ, глобалната економија и натаму би растела со стабилна стапка од 3,2% во 2024 и во 2025 година, што сепак е малку подобро од претходните очекувања. Низ подолгорочна перспектива, овие стапки на економски раст се историски ниски, што говори дека кризите оставија подолгорочни последици врз глобалната економија.

    За ЕУ, којашто е нашата најзначајна економска партнерка, се очекува постепено забрзување на растот, односно од 0,5% во 2023 година на 0,9% и на 1,7% за годинава и за следната, но тоа сепак е побавно во однос на претходните очекувања. За македонската економија, ММФ направи надолна ревизија за годинава, односно 2,7% во споредба со претходните очекувања од 3,2%.

    Гувернерката посочи дека Народната банка работи на пролетните макроекономски проекции за нашата економија, во кои ќе бидат вклучени најновите расположливи податоци.

    Пролетните проекции на Народната банка ќе бидат објавени во текот на следниот месец.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img