Ја ангажирала адвокатката на Кевин Костнер која не знае за загуба на суд

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Разводите стануваат се почести на светската јавна сцена. Денеска дознаваме дека актерката и манекенка Џоди Тарнер Смит поднела барање за развод од актерот Џошуа Џексон по три години брак.

Џоди Тарнер Смит како причина за разводот ги навела непомирливите разлики помеѓу неа и Џошуа Џексон. Во документите што до судот ги доставила нејзината адвокатка Лаура Васер, која го застапувала и Кевин Костнер во текот на неговиот развод, се наведува дека актерката бара заедничко старателство над тригодишната ќерка Џуно која ја има со нејзиниот сопруг. Не постои предбрачен договор кој евентуално би го забрзал судскиот процес, пишува американскиот портал ТМЗ.

 

Разводот е донекаде изненадувачки, исто како и нивната венчавка. Актерката и модел Џоди Тарнер Смит и Џошуа Џексон пред три години отишле во зградата во судот во Беверли Хилс по дозвола за венчавање, а многумина не ни знаеја дека тие се во врска.

Во септември 2022 година се шушкаше дека раскинале затоа што се отследиле еден со друг на Инстаграм, но потоа се појавија на Оскарите во март оваа година, но и на многу други јавни настани.

 

Актерката ја ангажираше адвокатката Лаура Васер, која е многу барана меѓу ѕвездите кои се разведуваат поради нејзиниот успех на суд, го застапуваше Костнер, а сега го застапува пејачот Џо Џонас кој се разведува од актерката Софи Тарнер.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article