Извадок на дел од дневните настани, 31 Октомври, 2024

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денеска (31.10.2024) во 02.30 часот во Скопје на локалниот пат од Горно Нерези кон Средно Водно полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.З.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (31.10.2024) во 00.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(23) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.10.2024 во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.К.(25) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.10.2024 во 23.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(19) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.10.2024 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(39) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.10.2024 во 22.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(22) од Кавадарци, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.10.2024 во 18.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(31) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.10.2024 во 17.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, патничко возило „фолксваген пасат“ со српски национални ознаки, управувано од В.Б.(46) од Република Србија удрило во пешакот Б.Д.(64) од с.Облавце. Во несреќата пешакот починал на местото на настанот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

На 30.10.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат од с.Биџево кон с.Драслајца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(31) од село Делогожда, струшко и патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(31) од Германија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Х.Ш. и сопатничка од возилото „голф“ А.Д.(28), а со телесни повреди се здобиле Т.Д. и сопатничката од возило „бмв“ , А.Х, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

- Advertisement -
Ad image

На 30.10.2024 во 15.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

На 30.10.2024 во СВР Штип било пријавено дека во 11.05 часот во Казнено поправната установа Затвор Штип кај двајца осуденици, Х.Д.(28) и О.М.(27) била пронајдена марихуана. Излезено било на местото на настанот од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип и марихуаната била одземена. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.10.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул.„Дарданиа“ и ул.„4“ во с.Сарај, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „митсубиши“ со италијански национални ознаки, управувано од Н.И.(45) од с.Сарај, скопско и мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(20) од с.Крушопек, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

- Advertisement -
Ad image

На 30.10.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Центар, К.Д.(68) од Скопје пријавила дека на ул.„Елисие Поповски Марко“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 30.10.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.С.(69) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 30.10.2024 во 22.10 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Ш.(43) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 30.10.2024 во 20.15 часот во Полициската станица Карпош, Ј.Ј.Н.(49) од Скопје пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 30.10.2024 околу 12 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.М.(34) од Тетово, затоа што при извршен претрес, по судска наредба, во неговиот дом и други простории била пронајдена и одземена марихуана и предмет со остатоци од кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 31.10.2024 во 02.20 часот на улица ,,Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на потерница по судска наредба, го лишиле од слобода Б.С.(46) од Тетово, кој бил баран за доиздржување на затворска казна од 13 месеци, во врска со сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој е предаден во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

На 30.10.2024 во 14.50 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода А.П. (44) од Куманово, затоа што при преглед кај неа била пронајдена марихуана. А.П била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share This Article