Сирените денеска точно во 10 часот се огласија низ Израел по повод Денот на сеќавањето на Холокаустот, а Израелците со двеминутно молчење им оддадоа почит на жртвите убиени од нацистите и нивните соработници во Втората светска војна.
Се чинеше дека животот на отворено запре, пешаците застанаа на место, автобусите застанаа на прометните улици, возачите на автопатите излегоа од возилата со наведнати глави во спомен на шесте милиони Евреи убиени во Холокаустот.
Официјалната државна церемонија по повод Денот на сеќавањето на мачениците и хероите од холокаустот се одржа во музејот на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим, каде што претседателот на Израел Исак Херцог, премиерот Бенјамин Нетанјаху, претседателот на Кнесетот и Претседателот на Врховниот суд и неколкумина преживеани положија венци на споменикот на востанието во Варшавското гето во 1943 година… години.
Годишната церемонија „За секој човек има име“ ќе се одржи во израелскиот парламент (Кнесет), а учесниците ќе ги читаат имињата на жртвите.
Десетици помали церемонии беа организирани во училиштата, општинските згради и во близина на спомениците на Холокаустот низ целата земја.
Една третина од Евреите во светот биле убиени во Холокаустот, според АП. Израел е основан во 1948 година и стотици илјади преживеани се населиле во еврејската држава.
Во Израел денеска живеат 147.199 преживеани од Холокаустот, објави во неделата Управата за човекови права.
Денеска ќе биде и 35-тиот меѓународен Марш на живите, а илјадници студенти од целиот свет ќе пешачат од Аушвиц до Биркенау, поранешниот најголем комплекс на нацистички концентрационен логор, јавуваат израелските медиуми.
Оваа година, Денот на сеќавање на холокаустот доаѓа во време на растечките поделби во Израел околу контроверзниот план за судски реформи на владата.
Обраќајќи им се на толпата синоќа на церемонијата во Јад Вашем, Херцог се осврна на внатрешните тензии и апелираше до Израелците да ги потиснат поради комеморациите и претстојните национални празници.
„Оваа година не е обична. И оваа комеморација не е како другите“, рече Херцог, алудирајќи на раздорот и масовните протести против реформите, кои траат повеќе од три месеци.
Тој апелираше на единство, оценувајќи дека 75-те години од постоењето на Израел им покажале на непријателите, како што рече, дека „нема да победите“.
На церемонијата во Јад Вашем, Нетанјаху ја пофали уникатната победа на „еврејскиот народ“ по холокаустот, наведувајќи дека преживеаните основале семејства, се преселиле во Израел и никогаш не го заборавиле Ерусалим како национален симбол.
Израелскиот лидер, сепак, оцени дека победата не може да фрли сенка на трагедијата на еврејскиот народ за време на холокаустот.
Како и претходните години, Нетанјаху рече дека повиците за уништување на еврејскиот народ не престанале и дека и денес доаѓаат од Иран.
Претходните победи не ги гарантираат идните и Израел мора да може да се одбрани од секој непријател, секоја закана“, рече израелскиот премиер.