Кабинетот на израелскиот премиер соопшти дека испратил писмо до шефовите на меѓународните медиумски бироа барајќи објаснување за нивната употреба на фотографиите направени од новинарите за време на нападот на Хамас на 7 октомври, пренесува Ал Џезира.
„Овие новинари беа соучесници во злосторствата против човештвото; нивните постапки биле во спротивност со професионалната етика“, се вели во соопштението на канцеларијата.
Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц даде слични забелешки: „Новинарите за кои беше откриено дека знаеле за масакрот, а сепак избрале да стојат настрана како неактивен набљудувач додека биле убиени децата – не се разликуваат од терористите и треба да се третираат како такви“, напиша Ганц на платформата X.
Во средата, израелската мониторинг група „Honest Reporting“ праша зошто новинарите од Газа кои работат за Асошиејтед прес и Ројтерс биле присутни во раните утрински часови на нападот на 7 октомври.
Во меѓувреме, бројот на убиени новинари и медиумски работници од почетокот на војната е 39, според Комитетот за заштита на новинарите, 34 Палестинци, четворица Израелци и еден Либанец.