More

    Израелските напади врз Газа не стивнуваат и покрај барањето на Советот за безбедност

    spot_img

    И покрај барањето за прекин на огнот, што беше вклучено во усвоената резолуција на Советот за безбедност, израелските напади врз Газа продолжуваат. Нападите во текот на ноќта, во кои загинаа најмалку 66 лица, беа пријавени од речиси сите градови во палестинската енклава.

    Израел продолжува да ѝ пркоси на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од понеделник, која бара итен прекин на огнот во Газа. Во текот на ноќта, израелските сили продолжија со силно гранатирање долж палестинската енклава, при што загинаа најмалку 66 лица.

    Локалните здравствени власти објавија и смртни случаи од Рафах на крајниот југ на Газа. Градот, дом на околу 1,5 милиони Палестинци, главно внатрешно раселени од остатокот од енклавата, беше цел на неколку воздушни напади. Најмалку три лица загинаа во нападот на две куќи, јави палестинската новинска агенција Вафа.

    Спротивно на барањето во резолуцијата на ОН, Израел продолжи со своите напади на други места во енклавата. Во градот Газа, каде што израелските војници продолжуваат да ја опсадуваат болницата Ал Шифа, според француската новинска агенција АФП, се слушнале многу експлозии, напади биле пријавени и од бегалскиот камп Џабалија.

    Израелските сили, исто така, извршија рација и заробија неколку лица во болницата Насер во Хан Јунис. Во овој град на југот на палестинската енклава, во вторникот вечерта во воздушен напад загинаа уште 12 лица, меѓу кои и неколку деца, јави катарската телевизија Ал Џезира.

    Резолуцијата од понеделник, предложена од десет непостојани членки, вклучително и Словенија, повикува на итен прекин на огнот во Газа за време на светиот муслимански месец Рамазан, што ќе доведе до траен прекин на огнот. Истиот беше поддржан од сите земји-членки, освен САД, кои беа воздржани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img