More

    Израелскиот премиер се опоравува од итна операција, владата ја предводи неговиот заменик

    spot_img

    Кабинетот на израелскиот премиер соопшти дека Бенјамин Нетанјаху се опоравува од итна операција. Со Владата привремено ќе раководи министерот за правда. Во меѓувреме во Ерусалим избувнаа протести.

    На премиерот Бенјамин Нетанјаху вчера му беше извршена итна операција. Неговиот кабинет објави дека тој е „во добра форма и на добар пат да закрепне“.

    Операцијата уследила по рутински преглед при кој на премиерот му била дијагностицирана хернија, се резимира во соопштението за печатот N1 Белград.

    За време на боледувањето на премиерот, владата ќе ја води неговиот заменик и министер за правда Јарив Левин.

    Последен пат израелскиот премиер беше хоспитализиран во јули минатата година кога му беше вграден пејсмејкер.

    Додека Нетанјаху синоќа беше опериран, во Ерусалим втора ноќ по ред се одржаа протести против неговата влада. Повикувајќи на ослободување на заложниците од Газа, демонстрантите два часа ги блокираа главните влезови на градот кон Ерусалим и Тел Авив. Полицијата употреби водени топови против луѓето на улиците. И покрај се почестите протести, Нетанјаху инсистира на воено решение на конфликтот.

    Нетанјаху се смета за премиер со најдолг стаж на Израел. Од октомври, 74-годишниот премиер се соочи со една од најголемите кризи во историјата на земјата, откако нападот на палестинското исламистичко движење Хамас на 7 октомври започна војна меѓу енклавата и Израел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img