Еден либански војник е убиен од израелски дрон, соопшти денеска армијата на Либан на Икс.
Армијата соопшти дека израелскиот напад бил насочен кон мотоциклот на кој тој се возел додека минувал низ армиски контролен пункт во јужен Либан, во близина на границата.
„Војник загина кога дрон, кој му припаѓа на израелскиот непријател, гаѓаше мотоцикл додека минуваше низ контролен пункт на либанската армија во областа Вазани, блиску до израелската граница“, се вели во објавата на Икс.
Ова е прва потврда за убиен либански војник откако Израел почна да го напаѓа Либан минатата недела.