Израелската војска соопшти дека убила околу 900 „терористички оперативци“ од исламистичкиот Хамас и други екстремистички групи за време на нејзината копнена офанзива во Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, која започна на почетокот на октомври.
Дополнително, заробени се 700 Палестинци, од кои 300 може да се идентификуваат како членови на терористички групи, соопшти израелската армија, а пренесува агенцијата ДПА.
Катастрофална ситуација
Во борбите загинаа и двајца израелски војници, што предизвика засилување од други локации во Појасот Газа, според војската. Оваа информација не можеше да се потврди независно.
Според очевидци, состојбата во Џабалија е катастрофална. Десетици илјади цивили веќе побегнаа, додека речиси е невозможно да се дојде до храна и вода.
Палестински извори јавуваат дека во израелските напади се убиени голем број цивили.