More

    Израел се подготвува да ја прошири својата војна во Газа подалеку на југ, блиску до египетската граница, откако тврдеше дека ја разбил групата Хамас во градот Кан Јунис на југот

    spot_img

    Израел се подготвува да ја прошири својата војна во Газа подалеку на југ, блиску до египетската граница, откако тврдеше дека ја разбил групата Хамас во градот Кан Јунис на југот. Ројтерс пишува дека овој нов план на Израел се случува додека истовремено се вршат големи дипломатски напори за прекин на огнот.

    Дека израелската армија може да напредува сé до граничниот премин Рафа кај Египет јави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во четвртокот. Тој рече дека ова следува по успехот во борбата против палестинските милитанти во Кан Јунис во големиот копнен напад кој Израел го изврши минатата недела.

    Повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа се засолнети во оваа област. Повеќето од нив се гладни и се борат со студот престојувајќи во импровизирани шатори и во општинскки згради.

    – Ги остваруваме нашите мисии во Кан Јунис, а ќе стигнеме и до Рафах и ќе ги елиминираме терористичките елементи кои ни се закануваат – рече Галант во изјавата.

    Во исто време, катарските и египетските посредници се надеваат на позитивен одговор од Хамас на првиот конкретен предлог за продолжен прекин на борбите. Овој прекин начелно беше договорен со Израел и САД на разговорите во Париз минатата недела.

    Палестински функционер близок до преговорите изјави за Ројтерс дека текстот предвидува прва фаза на прекин од 40 дена, за време на која борбите ќе престанат додека Хамас треба да ги ослободи преостанатите заробени цивили меѓу повеќе од 100 заложници што сè уште ги држи. Во понатамошните фази планирано е да се случи предавање на израелските војници и телата на мртвите заложници.

    Ваквата долга пауза би била прва по 7 октомври, кога борците на Хамас го нападнаа Израел, убивајќи 1.200 луѓе и заробувајќи 253 заложници, забрзувајќи ја израелската офанзива која опустоши голем дел од Газа.

    Здравствените власти во енклавата во четвртокот соопштија дека потврдениот биланс на загинати Палестинци се искачил над 27.000, а уште илјадници мртви сè уште лежат под урнатините.

    Палестински функционер рече дека Хамас веројатно нема целосно да го отфрли предлогот, но ќе бара гаранции дека борбите нема да продолжат, нешто на што Израел не се согласил.

    Во четвртокот во Газа имаше кратка возбуда откако изјавите на катарскиот портпарол на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон поттикнаа надежи за прекин на огнот – и пад на цената на суровата нафта. Но, катарските власти во главниот град Доха и Тахер Ал-Ноно, медиумски советник на шефот на Хамас Исмаил Ханија, рекоа дека групата сè уште не одговорила.

    Во меѓувреме, Вашингтон го засилува индиректниот притисок врз Израел. Американскиот претседател Џо Бајден издаде извршна наредба која има за цел да ги казни еврејските доселеници кои ги напаѓаат Палестинците на окупираниот Западен Брег во бранот насилства предизвикани од војната во Газа.

    Бајден е исто така под притисок да одговори на убиството на тројца американски војници со беспилотно летало во Јордан минатата недела, што е прва смрт на САД во ескалацијата на насилството низ Блискиот Исток од почетокот на израелската војна во Газа во октомври.

    САД и западните сојузници се справуваат и со нападите на Хутите од Јемен врз трговск бродови во Црвеното Море. Хутите се поддржани од Иран и оперираат со дронови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img