More

    Изнесените ставови за холокаустот на македонските Евреи се неспорни

    spot_img

    За прозивките, обвинувањата и барањата за извинување, кои дојдоа од бугарската страна поради ставовите изнесени во обраќањето по поводот 80 годишнината од одбележувањето на депортацијата на 7.144 македонски Евреи во концентрациониот логор „Треблинка“, претседателот Стево Пендаровски нема намера да коментира или пак да се извинува, соопшти неговиот кабинет.

    „Сметаме дека од наша страна нема потреба за дополнителна изјава затоа што претседателот Пендаровски ги искажа јасно своите ставови во обраќањето вчера. Впрочем, и гостите кои беа на комеморативниот настан за одбележување 80 години од холокаустот на македонските Евреи, меѓу кои и од Светскиот Еврејски Конгрес, Европскиот Еврејски Конгрес, Еврејската заедница во Република Северна Македонија и „Симон Визентал“ центарот од Виена ги потврдија наводите изнесени во обраќањето на претседателот“, соопштија од Кабинетот на претседателот.

    Пендаровски во обраќањето рече дека морбидниот концепт наречен „конечно решение на Еврејското прашање“ никаде не бил поефикасно спроведен отколку во тогашната окупирана Македонија. На ова жолчно реагираа бугарски политичари и пратеници, со навреди и барање тој да се извини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img