More

    Изнајмил мерцедес во Белград и го регистирал како свој во Скопје

    spot_img

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица, од кои едното се товари за кривично дело – измама, додека другото лице е обвинето за продолжено кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување.

    „Првиот обвинет на 16.06.2021 година, користејќи лажен идентитет и лична карта на туѓо име, склучил договор за наем на автомобил Mercedes benz s300 bluetec hybrid со рентакар агенција од Белград. Лажно прикажал дека има намера автомобилот да го врати за еден месец, иако немал намера да го изнајми, туку да го одземе и за друг да прибави противправна имотна корист во значителна вредност. Возилото под наем, преку Косово и земјава, на 21.06 го однел на непозната локација во Бугарија“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

    На 10.07.2021 година, како што соопштуваат од Обвинителството, возилото со променет идентификационен број, се појавило повторно во земјава кога преку станица за технички преглед биле доставени документи за негова регистрација.

    Вториот обвинет во својство на службено лице – референт за управни работи на Одделение за управни работи – Скопје при МВР, поттикнат со умисла од лице кое до овој момент е недостапно на органите на прогонот, овозможил регистрација на возилото врз основа на некомплетна и лажна документација. Тој веднаш изготвил сообраќајна дозвола и издал регистарски таблици за возилото без да ги провери потеклото и сопственоста, вистинитоста на документите за увозно царинење и записите за техничка исправност на автомобилот, како и без да побара и обезбеди потврда од системот на Интерпол дали возилото е предмет на потрага. Со ова обвинетиот на поттикнувачот му обезбедил противправно да се стекне со значителна имотна корист  во проценета вредност од 49.850 евра.

    При спроведувањето на истражната постапка било утврди дека истото службено лице, поттикнато од другиот обвинет и од лицето кое е недостапно да органите на прогонот, во периодот од август 2020 година до крајот на јуни 2021 година во шест други наврати овозможил регистрација на вредни автомобили во земјава, без никаква или врз основа на лажна документација.

    „На овој начин тој на другите двајца им овозможил противправно да станат сопственици на автомобили Fiat 500 Abarth, Renault Megane 1.6 GT, BMW X5 XDrive30D, Mercedes Benz GLE 350D 4Matic, Toyota RAV4 и Porshe Cayenne Diesel. За регистрација на возилата со изменети идентификациски броеви била приложувана фалсификувана документација дека се набавени во странство, иако всушност тие биле предмет на потрага во различни европски земји. По извршената регистрација во Скопје, автомобилите биле препродавани на трети лица, со што продавачите оствариле противправна имотна корист проценета на вкупна вредност од 218.368 евра“, се додва во соопштението.

    За третото пријавено лице кое поттикнувало извршување на кривичните дела и кое е недостапно на органите на прогонот, постапката е во прекин до неговото пронаоѓање и лишување од слобода.​

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img