More

    Измир оддава почит: На ѕидот од зградата е насликано починатото мексиканско спасувачко куче Протео

    spot_img

    На зграда во турскиот град Измир е насликан портрет на мексиканското куче Протеа, кое загина за време на спасувачка мисија во Турција.Германскиот овчар Протео пристигна во Турција неколку часа по двата разорни земјотреси на почетокот на февруари. Тој од под урнатините спасил три лица.

    Мексикански тим пристигна во Адијаман на почетокот на февруари за да помогне во потрагата и спасувањето на луѓето под урнатините по разорните земјотреси во Турција.

    Протео беше дел од тимот од 150 луѓе кои дојдоа во Турција од Мексико. Тој одигра важна улога во извлекувањето на три лица од под урнатините во Измир, но загина за време на една од операциите за пребарување и спасување.

    Тренерот на Протеа, Хуан Карлос Виледа Маркез, претходно изјави за Анадолија дека кучето учествувало во спасувачките операции во многу региони на Хаити, Гватемала и Еквадор, како и во Мексико.

    Маркез рече дека последната мисија на Протеа била Турција.

    „Тој ја заврши својата мисија. Го донесовме овде бидејќи имаше големо искуство. И тука помогна да се спасат човечки животи. Открил многу локации со луѓе. Тој беше многу вредно куче за нас. Како прво, изгубив драг пријател. Јас сум многу тажен. Учествувавме во многу операции заедно“, рече Маркез.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img