More

    Избришана петицијата за забрана за влез на Дино Мерлин во Србија

    spot_img

    Споменатата петиција ја потпишале близу 60.000 луѓе, а креаторите на петицијата ги навеле и причините за нејзиното бришење.

    – Ние сме одговорни за содржината што нашите корисници ја објавуваат на нашата веб-страница. Оваа петиција има силни обвиненија и немаме ресурси да провериме дали тврдењата се вистинити – се наведува на веб-страницата.

    Три концерти се распродадени, а и за четвртиот во секој момент се очекува да биде објавено дека исто така е пополнет.

    Како што потврди директорот на белградската Штарк Арена, Горан Грбовиќ, капацитетот на Штарк Арена кога се во прашање концертите е околу 15.000 плус ВИП места, во кои можат да се сместат максимално 17.000 луѓе.

    Кога тој, максимален број од 17.000 ќе се помножи со 4 концерти, се доаѓа до бројката од 68.000 луѓе.

    За забрана за влез на Дино Мерлин во Србија беше отворена онлајн петиција потпишана од 59.469 лица  пишуваат локалните медиуми.

    Да потсетиме, Мерлин закажа концерти за 18, 19, 21 и 22 ноември, од кои три се распродадени, а за четвртиот се очекува во рекордно време да биде пополнет.

    Инаку, изнајмувањето на Штарк Арена чини 25.000 евра, пренесува српски „Телеграф“, што значи дека Мерлин само за тоа има фиксен трошок од 100.000 евра. Сите бројки се однесуваат на 4 концерти, бидејќи евентуалниот петти или шести се уште не се официјално закажани.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img