More

    Избегнат судир на возови во Земун благодарение на диспечерот

    spot_img

    Благодарение на брзата, трезвена и професионална реакција на диспечерот на далечинскиот управувач на станицата Белград Центар, денеска во 9:15 часот избегнат е судир на два патнички воза на железничката станица Земун, јави дописникот на МИА од Белград.

    Како што соопштија од „Железничката инфраструктура на Србија“, диспечерот во новиот центар за далечинско управување во железничката станица Белград Центар, од кој се следи железничкиот сообраќај на пругата Белград Центар – Нови Сад, реагирал одговорно и навремено, откако на мониторите за следење на сообраќајот веднаш ја регистрирал положбата на возовите.

    Тој наредил во Центарот за далечинско управување да се исклучи напонот во контактната мрежа на тој дел од пругата, што веднаш било направено и со тоа возовите застанале. Патничкиот воз што сообраќал од Бар до Белград Центар влегувал во деветтиот колосек на железничката станица Земун.

    Во исто време, според првите информации од местото на настанот, регионалниот воз што сообраќал од Нови Сад кон Белград Центар тргнал од осмиот колосек и без дозвола го поминал излезниот сигнал кој забранувал натамошно возење.

    Двата воза се навреме запрени, избегнат е судир, нема повредени и нема материјална штета. На лице место има железничка комисија за истрага на вонредни настани, која треба да ги истражи сите детали за настанот. Железничкиот сообраќај на станицата Земун во моментов е во прекин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img