Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на социјалните мрежи реагираше по обвинувањата на првиот вицепремиер, Артан Груби во вчерашното гостување на Сител ТВ.
– Верувам во институцијата, но имам сомнежи во капацитетите на луѓето. Во мандат од четири-пет години дали имаат еден единствен случај успешен во постапките – рече Груби во дневникот на Сител, додеа беше прашван за внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети и продажбата на тровскиот центар „Соравија“.
Ивановска по гостувањето на Груби на социјалните мрежи одговори: „Кога сѐ е наопаку, дното е на површина“.
Груби во вчерашното гостување на телевизија рече дека и огромно мнозинство од случаевите на ДСКС се наводно изгубени по административни постапки или пак отфрлени од судиите.