Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, го пофали по освојувањето на златниот медал на Олимпијата и по победата против Карлос Алкараз.
– Новак играше доста паметно, беше агресивен. Карлос Алкараз удира силно, но Новак Ѓоковиќ беше уште посилен во тој сегмент, па го изненади противникот, па Карлос почна да греши. Клучно во мечевите со Алкараз е дека го изнервирате и да направите тој под притисок да почне да греши, Новак го направи тоа и победи – рече Иванишевиќ за хрватските медиуми.
Многумина не веруваа во победата на Ѓоковиќ во ова олимписко финале.
– Само луди луѓе можат да се сомневаат во Ѓоковиќ, односно дека го нема тоа потребно темпо за големите натпревари. Ги демантираше сите критичари – рече Иванишевиќ и додаде дека очекува да го види Ѓоковиќ за 4 години и на Олимписките игри во Лос Анџелес, а го гледа и како победник на следниот УС Опен.