Италијанка решила да ја разгори божикната атмосфера

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бизарен случај се случи во Рим, откако Италијанец одлучил, без да ѝ каже на сопругата, да си ја сокрие заштедата – обврзници во износ од 20.000 евра во каминот, бидејќи мислел дека тоа е безбедно место коешто крадците никогаш нема да го пребараат. Меѓутоа, она што го превидел е дека жената може да реши да го запали каминот…

– Мојата сопруга не знаеше дека јас ги бев сокрил (парите) таму. Секоја година, пред да го запалиме огнот (за Божик), ги преместувам парите. Сега, кога ги видов пламените јазици, ќе се онесвестев – раскажува несреќниот Марио.

Според него, не очекувал каминот да се запали уште неколку дена, со оглед на тоа што температурата во Рим не бара дополнително греење. Но, сопругата решила малку порано да создаде божиќно-новогодишна атмосфера…

Кога сопругот ѝ кажал што има во каминот, било предоцна.

фото: pixabay.com

Share This Article