More

    Италија ја заострува забраната за сурогат мајчинство: нелегално и во странство

    spot_img

    Италијанските сенатори донесоа закон со кој дополнително се заострува забраната за сурогат мајчинство, што ја прави нелегална и за Италијанците во странство.

    Според текстот на законот, Италијанците кои ќе се одлучат за сурогат мајчинство во странство подлежат на строги казни по нивното враќање во земјата.

    Во Италија сурогат мајчинството е нелегално од 2004 година, а новиот закон има само еден член кој вели дека доколку бременоста се изврши за други во странство, италијанските државјани ќе бидат казнети со закон.

    Италијанскиот Сенат со 84 гласа „за“ и 58 гласа „против“ го донесе Законот за забрана на „бременост на други лица“ за своите државјани во странство Долниот дом веќе ја одобри таа одредба во јули минатата година и со гласањето во Сенатот стана закон.

    Предвидена е затворска казна до две години и парична казна до еден милион евра.

    „Со конечното одобрување на Сенатот, нормата што го прави изнајмувањето утроба универзално кривично дело станува закон. Тоа е здраворазумска одлука против женското тело да се третира како стока, а со тоа и децата. Човечкиот живот нема цена и не е „роба за размена“, напиша италијанскиот премиер Џорѓа Мелони, лидер на крајнодесничарската партија Браќа на Италија, на нејзината сметка на платформата X.

    Опозиционерите, кои најмногу гласаа против, во текот на расправата го оценија законот како бескорисен, противуставен, против децата и родителите кои припаѓаат на ЛГБТ+ семејства и дека припаѓа на средниот век.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img