Истражување: Полјаците не се плашат дека војната од Украина ќе се пресели кај нив

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Ukrainian tank crews take part in a drill not far from the front line in the Bakhmut direction, in the Donetsk region, on December 15, 2023, amid the Russian invasion of Ukraine. (Photo by Anatolii Stepanov / AFP)
- Advertisement -
Ad image

Мнозинството Полјаци не се плашат дека војната од Украина ќе се прелее во нивната татковина, додека страв дека конфликтот може да се прошири изразуваат 27,3 отсто од Полјаците во новата анкета на агенцијата ИБриС за полскиот весник „Жечпосполита“. 53,6 отсто од Полјаците не се плашат дека војната може да ја погоди Полска, 27,3 отсто изразуваат страв, додека 19,1 отсто не знаат.

Најголем страв од проширување на конфликтот има кај постарите од 70 години, во групата во која се плашат 39 отсто од испитаниците, со основно образование 45 отсто и кај активните верници 44 отсто.

Кога Русија ја нападна Украина, во слично истражување од март 2022 година, малцинството Полјаци, 45 отсто од нив, беа убедени дека војната нема да се прошири во Полска.

Полските власти не реагираа на изјавата на шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба на почетокот на неделата дека американскиот противракетен систем „Патриот“ во Полска може да го брани и воздушниот простор над западна Украина, што инаку би можело да послужи како изговор за Русија да го ескалира конфликтот.

„Ова би овозможило заштита на земјите на НАТО од руски ракети кои исто така можат да слетаат на нивна територија“, изјави Кулеба за украинската телевизија.

Портпаролот на Советот за безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, ја отфрли можноста американски војници да бидат вклучени во борбени операции во Украина и предлогот на претседателот на Украина Володимир Зеленски да ги ангажира сојузниците на НАТО, како што направија САД во Израел, дека од територијата на членките на НАТО и собори руски ракети над Украина.

„Тоа е сосема поинаков конфликт. Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека американската војска нема да учествува во таа војна. Нема да се вклучиме во борбени операции“, изјави Кирби, пренесе денеска полското радио.

Share This Article