More

    Истражување: Пиењето кафе за време на бременоста може да има негативно влијание врз детето

    spot_img

    Тешко е да се замисли да се започне денот без шолја кафе, но трудниците треба да бидат внимателни бидејќи, според новото истражување, кофеинот може негативно да влијае на детето.

    Децата кои биле изложени на мали количини на кофеин пред раѓањето се во просек пониски од децата чии мајки не консумирале кофеин за време на бременоста, покажуваат резултатите од најновото истражување, пренесува CNN, пренесува N1 Загреб.

    Експертите откриле дека децата изложени на кофеин биле пониски на четиригодишна возраст, а оваа разлика се зголемила по осумгодишна возраст. Разликите во висината не се големи, но постојат, сметаат експертите.

    На бремени жени им се препорачува помалку од 200 милиграми кофеин дневно. Шолја инстант кафе има околу 100 милиграми, а филтрирано кафе има околу 140 милиграми. Додека една шолја чај со кофеин има околу 75 милиграми.

    Загриженоста постои, посочуваат експертите, бидејќи доколку понискиот раст во раното детство продолжи и во зрелата возраст, постои ризик од срцеви заболувања и дијабетес кои се поврзани со помал раст.

    Но, сè уште не може да се утврди, додаваат тие, дали оваа разлика во растот меѓу децата ќе продолжи и во зрелата возраст.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img