More

    Истражување: Мнозинството граѓани сметаат дека членството во НАТО е добра одлука но таа нема да ни го забрза евроинтегративниот процес

    spot_img

    Мнозинството граѓани сметаат дека членството во НАТО е добра одлука но таа нема да ни го забрза евроинтегративниот процес, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 57,5% од анкетираните сметаат дека членството во НАТО е добра одлука додека 27,9% се убедени дека е лоша.

    Според етничката структура на испитаниците, Македонците се прилично поделени иако мнозинството или 48,9% сметаат дека членството во НАТО е добра одлука, иако дури 33,6% се убедени во спротивното. Кај етничките Албанци речи си и да нема дилема. 85,1% сметаат дека е членството во НАТО е добра одлука, додека само 11,1% дека е лоша. Според возрасната структура, анкетата покажува дека помладите граѓани се поубедени дека одлуката за членство во НАТО е добра одлука иако процентите не варираат во некој значителен износ.

    Нешто над половина од анкетираните или 51,5% сметаат дека со влезот во НАТО се зголемила безбедноста на државата додека 36,1% сметаат дека тоа не е така. Споредбата со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе во 2019 година, не покажува некоја значителна разлика кај оние кои сметаат дека со членството во НАТО се зголемила безбедноста во државата, додека има значителен раст кој оние кои се убедени во спротивното.

    И за ова прашање анализата на етничката структура на оние кои ги давале одговорите покажува дека Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивставени ставови. Додека кај Македонците тенко мнозинство смета дека со членството во НАТО не се зголемила безбедноста во државата, огромно мнозинство од 80,5% етнички Албанци сметаат дека со членството во НАТО Македонија е побезбедна држава.

    Над половина од граѓаните се убедени дека членството во НАТО нема да го забрза процесот на евроинтеграции. Ваков став делат 52,7% од анкетираните додека 23,9% сметаат дека по влезот во НАТО побрзо ќе се интегрираме и во ЕУ. Споредбата со анкетата на ИПИС од пред 4 години покажува дека значително се намалил оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе ни помогне во интеграциите во ЕУ. Ако во 2019 43,3% сметале дека со членството во НАТО побрзо ќе се интегрираме во ЕУ, сега таков став делат само 23,9% за разлика од бројот на оние кои се убедени во спротивното кој од 32,8% во 2019 година за 4 години се зголемил за 52,7%. Македонците во големо мнозинство од речиси две третини или точно 62,2% сметаат дека НАТО нема да го забрза интегративниот процес за разлика од 54,8% етнички Албанци кои очекуваат по членството во НАТО интеграциите во ЕУ да одат побрзо.

    Мнозинството граѓани или 51,5% сметаат дека членството во НАТО ја направи Македонија побезбедна од надворешни влијанија особено во екот на војната во Украина, додека 31,6% се убедени во спротивното. И тука разликата ја прават етничките Албанци кои во огромно мнозинство од 72% сметаат дека НАТО ја прави Македонија поотпорна на надворешни влијанија. Ваков став делат 44,6% Македонци додека 38,2% се против. Граѓаните се поделени околу евентуалните придобивки кои Македонија ги има од

    претседавањето со ОБСЕ. 36,1% гледаат одредени придобивки, 35,3% не. Од оние кои што гледаат придобивки, најголем дел сметаат дека тоа е поголема промоција на Македонија и зголемување на кредибилитетот на државата.

    Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img