More

    Истражувањата го покажале ефектот на медот врз организмот – доволни се две лажички дневно

    spot_img

    Во истражувањето учествувале 1.110 луѓе и тоа траело околу два месеци.

    Истражувањето објавено во 2022 година во научното списание „Nutrition Reviews“ покажа дека медот може да го подобри нивото на шеќер и холестерол во крвта.

    Во истражувањето учествувале 1.110 луѓе и тоа траело околу два месеци, а резултатите покажале дека медот позитивно влијае на здравјето на срцето, а поволно влијае и на нивото на шеќер и холестерол во крвта.

    Учесниците најмногу консумирале околу две полни лажички мед дневно, но забележано е дека суровиот мед е тој што дава многу повеќе придобивки, додека преработениот мед не е толку ефикасен кога се работи за придобивки за организмот.

    „Овие резултати се изненадувачки, имајќи предвид дека медот е приближно 80 проценти шеќер. Но, медот е и сложен состав од шеќери, протеини, органски киселини и други вообичаени и ретки биоактивни соединенија кои се многу корисни за здравјето. Медот е богат со антиоксиданси кои се добри за здравјето на срцето. Содржи флавоноиди кои имаат способност да спречат формирање на згрутчување на крвта, но и фенолни соединенија кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и ги штитат клетките од оксидативен стрес“, вели диететичарот Кетрин Хервасио за „Nutrition Reviews“.

    На крајот, експертите се согласија дека една до две лажици суров мед дневно се доволни за да ги добиете хранливите материи потребни за здравје, пренесува City Magazine.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img