Истрага за двојно убиство во Скопје, определена мерка притвор

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела „убиство”.

Како што информира Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, во семејниот дом на улицата „Франклин Рузвелт”, осомничениот ги лишил од живот сопствената мајка и баба, нанесувајќи им повеќе убоди со нож.

Откако ги убил, ноќта меѓу 10 и 11 јануари, осомничениот легнал да спие. Утрото на 11 јануари проверил и се осигурал дека двете жени се починати, по што се упатил кон домот на неговиот чичко со намера и него да го убие. Чичко му не бил дома, по што осомничениот отишол кај матичната лекарка и и кажал дека ги убил неговите мајка и баба.

– Бидејќи постои опасност од бегство и опасност осомничениот да стори ново кривично дело со кое се заканува кон неговиот чичко, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Share This Article